Мени Пакиао уште еднаш го предизвика Флојд Мејведер на реванш-дуел, откако Американецот ја испровоцира филипинската ѕвезда дека продолжува да се бори и после 40-тите години.
Пакиао (40), кој го победи Кит Турман по судиска одлука во текот на викендот, му врати на Мејведер во социјалните мрежи: „Доаѓаш на моја борба и го користиш моето име во пост, но дали јас сум тој, кој сака да остане важен? Ако сакаш повторно да станеш важен … # MayPac2″, пишува Пакиао на Твитер.
Мејведер, кој се откажа на 40-годишна возраст во 2017 година со невиден рекорд од 50-0, претходно изјави дека „кариерата и наследството на Пакиао биле изградени од асоцијацијата со неговото име”.
– Време е да престанете да го користите моето име за „кликбејт” и да оставите неговото да зборува само за себе, напиша Мејведер на Инстаграм. – Кога излеговме на рингот, победив толку лесно, што сите мораа да се ги изедат своите зборови”, додаде американецот до фотографијата од неговата победа над Пакиао во 2015 година.
Но, Мејведер, кој беше во Лас Вегас на мечот во кој Пакиа стана најстариот светски шампион во велтер категорија во историјата на боксот, не сакаше да коментира за можен реванш, одговорајќи на Филипинецот подоцна во еден пост.
– На крајот на краиштата, правам повеќе пари од тебе … Те победив физички и ментално. Запомни, ти се бориш затоа што треба, а јас се борам кога сакам, заклучи Американецот.
Мејведер е еден од само седумте професионални боксери кои го победиле Пакиао – единствениот боксер кој освои шест светски титули во осум различни дивизии.