СВР Охрид поднесе кривична пријава против О.Л.(37) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,напад на службено лице во вршење на работи на безбедноста”. На 20 јули 2019 на улица „Радојца Новичиќ” во Охрид, пријавениот физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија.