Kај приклучокот на автопатот од Велес за Скопје, синоќа околу 19 часот, се случила сообраќајна незгода во која возило „Опел корса” со гостиварски регистарски броеви управуван од 23-годишниот Т.З.од Гостивар излетало надвор од коловозот и се превртело, при што, со тешки телесни повреди се здобил сопатникот И.С (24).
Како што информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, повредениот веднаш со возило на Брза помош бил транспортиран во велешката Општа болница. Поради тешките повреди тој бил упатен на понатамошно лекување во Комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје.