Тиго Фајнaнс отвори филијала и во Свети Николе

Следејќи ги потребите на граѓаните за уште поголема достапност на услугите, Тиго Фајнанс вчера отвори нова филијала и во Свети Николе. Новата експозитура е лоцирана на Плоштад Илинден, бр. 49 и ќе работи секој работен ден од 9 до 17 часот.

Ова е 21 филијала на Тиго со која компанијата ги пресретнува потребите на граѓаните за финансиски средства кога најмногу им се потребни. Филијалите на Тиго Фајнанс се одговор на стратегија за експанзија на продажната мрежа паралелно со растечките потреби на граѓаните за микрокредитирање и пристап до финансиски средства на брз, ефикасен и пред сѐ поволен и транспарентен начин. На овој начин компанијата докажува дека нејзин приоритет е супериорната корисничка грижа за клиентите на сите расположливи канали кои тие ги преферираат, дигитални и физички.

Инаку, до услугите на Тиго Фајнанс клиентите можат едноставно да пристапат и онлајн на www.tigo.mk , или пак да посетат некоја од филијалите ширум земјата. Аплицирањето е брзо и едноставно – oдговор на апликацијата се добива за 30 секунди, a исплатата во кеш се врши за само 10 минути. Дополнително, првиот кредит до 20 илјади денари е без камата и без никакви трошоци.

Тиго е член на Асоцијацијата на финансиски друштва, чии членови со потпишувањето на Кодексот за добра пракса и формално се обврзаа за одговорно кредитирање и повисоко ниво на заштита на клиентите.

Треба да знаете
Последни објави