Три жени загинале вчера во близина на Нови Сад, кога се судриле два автомобили, а сообраќајката ја предизвикала една од загинатите кој зборувала на мобилен телфон.
Во несреќата загинале возачот на „Опел Мерива“ 62-годишната Лилјана Матиќ и патничките во „Алфа Ромео“, две сестри, 27-годишната Добрила Милиќ и 21-годишната Вида Милиќ од Ѓурѓево.
Возачот Небојша Алексиќ бил примен во Клиничкиот центар „Војводина“ со повреди опасни по живот. Тој бил свршеник на една од сестрите и ги земал одНови Сад откако се вратиле од одмор и да ги превезе дома во Ѓурѓево.
Како што неофицијално дознава Курир.рс, несреќата се случила кога автомобилот со новосадски регистерски таблички „опел“, со кој управувала една од настраданите жени, престигнал друг автомобил и директно налетал на автомобилот „алфа ромео“, исто така со новосадски регистерски таблички во кој настрадале двете сестри и повредениот возач.
Неофицијално, Матиќ зборела на мобилен телефон, но тој и испаднал од рацете, па таа се наведднала дда го зме и автомобилот преминал на спротивната лента.
На терен имало три екипи на Итна помош, како и полициј и пожарникари кои ги извлекувале телата од смачканите автомобили.