И двајцата тој ден ќе го паметат вечно. Стоматологот од Монтана, Џоес Бут (30) ја запросил својата девојка Кеди Лејтајмер на несекојдневен начин по три години врска.
Клекнал пред неа, ја прашал дали сака да се омажи за него, а наместо да извади веренички прстен ѝ го предал златниот ретривер во рацете.
Кеди мислела дека нејзиното момче ја однело во националниот парк Монтана за да направат неколку заеднички фотографии. Не се сомневала дека момчето ќе ја запроси со куче во неговите раце.
„Најпрво го држеше кучето со подводникот на кој пишуваше Кеди. Мислев дека ја нарекол по мене и дека сака да ми ја поклони. Тогаш тој клекна и ме праша: „Сакаш ли да се омажиш за мене?“ – изјавила девојката за некое локално списание.
Очекувала дека преубавото зајдисонце ќе биде одлична позадина за нивните заеднички фотографии. Меѓутоа тој ден е еден од нејзините најсреќни моменти во нејзиниот живот.
„Кеди за мене е посебна и сакав да направам нешто посебно и оригинално што ќе го памети цел живот“ – изјавил Џоес.
„Знаев дека ќе ја запросам ова лето. Кога дознав дека ќе добијам куче, сфатив дека тоа е вистинскиот момент за да го направам тоа“ – додал стоматологот.
Судејќи по нивните среќни фотографии на социјалните мрежи по овој момент, очигледно е дека Кеди прифатила да се омажи за овој човек.