ВНИМАВАЈТЕ НА ГРЧКИТЕ ПЛАЖИ – важна информација за безболно да го поминете одморот

Ако вашиот одмор го планирате да одите во Грција важна информација која морате да ја знаете е дека во летувалиштата се појавуваат медузи.

За таа цел изработена е мапа која покажува во кое време од годината каде има медузи. Мапата константно се ажурира и им дозволува на корисниците да учествуваат во нејзиното оформување, доколку некаде виделе медуза. Затоа нека не ве буни тоа што мапата се вика Медузи 2018.

Мапата може да ја погледнете ТУКА.

Исто така, Грците предупредуваат и замолуваат да не се вадат медузите од морето, зашто на тој начин се убиваат.

Вчера едно девојче исписка додека беше во водата, ја допрела.Потоа ја извадоа медузата надвор…голема беше… – коментират туристите на социјалните мрежи

Периодов се забележани повеќе медузи во водите на Егејското Море. Туристите посочуваат дека во изминативе неколку дена во водите близу крајбрежјето има премногу медузи, што го прави непријатен нивниот годишен одмор. Неи Пори и Паралија се едни од туристичките места, во кои летувалците се соочуваат со проблем поради медузите.

Вчера едно девојче исписка додека беше во водата, ја допрела.Потоа ја извадоа медузата надвор…голема беше… – коментират туристите на социјалните мрежи.
Според она што може да се прочита од туристите кои се моментално во Грција, краците засега се чисти. Главно медузите се сконцентрирани кај Лептокарија, Олимпик Бич, Паралија…

Треба да знаете
Последни објави