Вработените во детските градинки добиваат повисоки плати за 16 отсто, се унапредува системот на детска заштита

Владата предводена од СДСМ продолжува со реализација на реформите што го унапредуваат системот на детската заштита и обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните.

Платите продолжуваат да растат.

Со јунската плата, стручниот кадар во градинките доби покачување 16 отсто или од над 3.000 денари во нето износ по вработен.

Новото покачување на платите значи дека над 3.100 лица кои се вработени како воспитувачи, негователи, стручни работници и стручни соработници-педагог, психолог, логопед, дефектолог и други за вршење на работи поврзани со дејноста згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст добиваат значително повисоки плати.

Воедно, усогласено со Колективниот договор, повисоки плати добива и помошно техничкиот персонал.

Во септември е планирано ново покачување на платите од 5 отсто, со што вработените во детска заштита за една година ќе имаат зголемување од 21 отсто што е најголемо досега.

За само 2 години Владата предводена од СДСМ покажа што значи вистинска грижа во сферата на условите за работа во детска заштита.

Владата предводена од СДСМ во соработка со Министерството за труд и социјала останува посветена во подобрување на условите за работа во детска заштита и продолжува да имплементира мерки кои го унапредуваат раниот детски развој кој има клучна улога во понатамошниот развој на секое дете.

Треба да знаете
Последни објави