Тренерот Џан Пјеро Гасперини кој ја однесе Аталанта до историскиот пласман во Лигата на шампионите ќе биде прогласен за почесен граѓанин на Бергамо.
Гасперини, инаку е роден во околината на Торино, а оваа сезона стана легенда на Аталанта, откако го освои четвртото место во Серија А и стигна до финалето на Купот на Италија. Стручњаците сметаат дека минатата сезона Аталната го играле најубавиот фудбал во Серија А.
Одлулата дека Гасперини ќе биде прогласен за почесен граѓанин ја потврдиле од градскиот одбор.
„Ова е голема чест, горд сум. Да се прими вакво признание е само потврда на врската која е створена помеѓу мене, градот Бергамо, неговите жители и навивачите на Аталанта“, рекол Гасперини.
„Мислан дека ова е нешто повеќе од спорт и спортски резултати. Ова е важен подарок, од денес имам уште поголема одговорност“, заклучил тренерот на Аталанта.