Министерот Исмаили отвори библиотека во Батинци

Денска во с. Батинци во Општина Студеничани беше отворена библиотека поддржана од Министерството за култура, од Организацијата за миграции на Обединетите нации (ИОМ), од Владата на Велика Британија, како и од приватниот сектор.

На отворањето на оваа важна институција пред сѐ за младите жители на с.Батинци и околните села говореа претставници на организациите кои го поддржуваат проектот, а министерот за култура Хусни Исмалили истакна дека покрај тоа што Министерството обезбеди завиден книжен фонд за библиотеката, ја поддржува и иницијативата на Здружението на граѓани Еколошка организација на село Батинци за овој своевиден подвиг. Тој додаде: „Уверен сум дека овој проект ќе биде поттик и за останатите слични организации да се охрабрат во остварување акции за развој на руралните средини и намалување на разликите помеѓу градот и селото, како и за отворање можност главно за младите луѓе да се пронајдат во космополитскиот дух во градење на едно општество за сите“.

Проектот е дел од стратегијата на Владата на Северна Македонија, преку општествени активности насочени пред сѐ за младите, да се гради хумано општество кое ќе се бори против сите негативни влијанија кои ги демнат младите и против насилниот екстремизам во кој и да е облик.

Треба да знаете
Последни објави