Во Германија, Белгија и во Велика Британија денеска се поставени нови рекорди во температурите предизвикани од топлотниот бран што го зафати поголемиот дел од Западна Европа.
Германската метеоролошка служба соопшти дека денеска е поставен нов рекорд со измерени 41,4 степен во Линген.
Во Белгија е забележан националниот рекорд со измерена температура од 40,6 степени на североистокот на земјата. Вчера во Белгија беа измерени 40,2 степени во близина во Англеур.
И во Велика Британија денеска бил најтоплиот ден во јули со измерени 36,9 степени на аеродромот „Хитроу“. Претходниот рекорд во јули беше 36,7 степени измерени во 2015 година, а апсолутен рекорд е 38,5 степени забележани во август 2003 година.