Пожарот што го зафати загребскиот двор за рециклирање се уште не е изгаснат целосно, а над делови на Загреб се забележува чад.
Пожарникарите синоќа повеќе од четири часа го гаснеа огнот во дворот, што всушност е депонија за стар мебел и друг габаритен отпад.
Претставници на Заводот за јавно здравје излегоа на терен и ги извршија потребните мерења и хемиски анализи, со кои е утврдено дека нивото на штетни честички во воздухот не отстапува од граничната вредност.
Заводот апелира жителите да не ги отвораат прозорците, избегнувајќи зголемена физичка активност и непотребно задржување во непосредна близина на пожарот.