Прегазени скопјанец и малолетник во Шутка

На 24.07.2019 во 09.30 часот на улицата Нов Живот во Скопје,  Ј.М.(20) од Скопје, управувајќи патничко возило „Опел Астра“ со скопски регистарски ознаки, удрило во М.М.(55) и  малолетник од Скопје.

Во незгодата М.М. се здобил со тешки телесни повреди, додека малолетникот се здобил со телесни повреди. Двајцата биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ – Скопје, каде им била укажана лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави