Руска спортистка загина во хеликоптерска несреќа во Италија

Жената која загина во хеликоптерската несреќа во близина на островот Горгона е идентификувана како руската маратонка Екатерина Кархина (28), пренесува весникот „Ил Тирено” .

Според весникот, Кархина патувала заедно со Максим Синчев, кој се води какоисчезнат. Синчев бил пилот и сопственик на хеликоптерот.

Kархина постојано се натпреваруваше на маратонските трки во Италија и победи нанекои од нив.

Според италијанските медиуми, приватниот хеликоптер на Русите, кој летал од езерото Комо кон Олбија на Сардинија, се урнал во морето во близина на островот Горгона во провинцијата Ливорно, по краткото застанување во провинцијата Маса Карара.

Во тек е истрага за несреќата.

Треба да знаете
Последни објави