Синот на Робин Вилијамс се ожени

Коди Вилијамс се ожени со Марија Флорес на церемонија во Сан Франциско.

27-годишниот син на Робин Вилијамс стапи во брак со саканата токму на роденденот на славниот актер, кој во 2014 година си го одзеде животот.

Доколку беше жив, актерот со заразна насмевка и ведар дух ќе наполнеше 68 години.

Среќната невеста сподели неколку фотографии од свадбената прослава, која се одржа пред очите на најблиските пријатели и семејството.

Треба да знаете
Последни објави