Изјавите за промена на договорот за Брегзит формулирани денеска од новиот британски премиер Борис Џонсон се неприфатливи за Европската унија. Брисел треба да се подготви за состојба во која Лондон ќе замине без договор. Тоа се нагласува во порака на главниот преговарач за Брегзит на ЕУ, Мишел Барние.
Џонсон побара денеска од ЕУ да ја разгледа повторно својата позиција за прекин на нови преговори за Брегзит и анулирање на клаузулата за ирскиот заштитен механизам т.н. „бекстоп”.
– Тоа е очигледно неприфатливо и не е во рамките на надлежностите на Европскиот совет, истакна Барние во имејл адресиран до претставниците на 27-те членки на ЕУ.