Борис Џонсон најави почеток на златна доба, обраќајќи им се за првпат на пратениците официјално како премиер. Тој нагласи дека неговата Влада енергично ќе се „фрли“ во преговорите за брегзит.
И покрај нагласувањето на важноста од подготовка за излез на Велика Британија без договор, Џонсон нагласи дека “многу повеќе би сакал” да ја напуштат ЕУ со договор и додаде дека ќе работи на тоа да се случи.
Сепак, тој им рече на пратениците дека договорот за повлекување – преговаран од неговата претходничка, Тереза Мај со ЕУ е “неприфатлив за овој парламент и за оваа земја”.
Џонсон ги увери граѓаните на ЕУ дека ќе имаат апсолутна безбедност за нивното право да живеат и работат во Велика Британија.