ВМРО-ДПМНЕ реагира на соопштението на СДСМ, дека Градот Скопје со акцијата за ослободување на заробените дрва се спроведуваат мерките за здрава животна средина и чист воздух за сите.
„Шилегов и СДСМ вчера направија масакр во Аеродром, обидувајќи се да го сокријат преку замолкнување на невладините организации кои гушкаа дрва и медиумите кои порано жестоко реагираа на секое исечено дрво.
Со соопштенија полни со лаги и манипулации нема да ги излажете граѓаните.
Доцна попладнето кај хотелот „Хилтон“ без присуство на камери и фотоапарати се изврши масовна сеча на дрва.
Шилегов треба да знае дека функцијата градоначалник освен привилегии носи и одговорности.
Шилегов демонстрира подеднаква неспособност како и неговиот шеф Зоран Заев.
Шилегов е најнеспособниот градоначалник на Скопје и тоа се гледа од ден во ден. По година ипол позади себе нема ниту еден сериозен проект.
Шилегов нема капацитет да го води Скопје. Шилегов мора да си замине.“