Непознат маж скокна врз автомобилот на поранешниот украински претседател Петро Порошенко додека тој заминуваше од сослушувањето во својство на сведок поради продажбата на бродоградилишта на друг бизнисмен.
На снимка емитувана на локалните телевизии се гледа како напаѓачот го прска со спреј во лице еден од телохранителите на Порошенко, кој интервенираше. Напаѓачот беше совладан од друг телохранител, кој го удри со чадор, пренесуваат украинските медиуми.
Во инцидентот нема повредени.
– Ова е провокација на проруските гангстери кои ги кренаа своите глави по смената на власта во Украина, изјави портпаролот на Порошенко, Свјатослав Цеголко.
Засега нема други детали за настанот.