Министерот Хасан во посета на домашни компании во Велес

Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Елвин Хасан посети две домашни компании во Велес каде што ги увиде производните капацитети и се запозна со севкупниот процес на производство и нивното секојдневно работење. Една од компаниите кои ги посети министерот Хасан е македонско-турската компанија која се занимава со производство на цигли, керамички плочи и други градежни материјали, министерот освен што ја разгледа компанијата оствари средба со директорот, г-дин Абдуррахим Бајрактар, кој го изрази своето задоволство од финансиската поддршка која ја добиле со Законот за Финансиска поддршка на инвестиции.

“Mirana Foods” е другата  компанија која беше посетена од страна на министерот Хасан, која се занимава со производство на повеќе прехрамбени производи како што се кечап, мајонез, сенф и слично. Директорот на компанијата, г-дин Зоран Мирсинов го запозна министерот со почетоците на компанијата и нејзиното проширување и унапредување, денес тие произведуваат повеќе од седумдесет прехрамбени производи од кои што дел се и со бренд на неколку деловни партнери.

Двете компании минатата година добиле финансиска поддршка од владата и успешно работат, министерот Хасан им укажа на двете компании дека домашните компании се подеднакво важни како и странските и дека владата работи и усвојува нови мерки и услови за финансиска поддршка со цел да се поттикнат компаниите за нови инвестиции, нови вработувања, подобрување на бизнис климата и општ раст и развој на македонската економија.

Треба да знаете
Последни објави