Најмалку 12 загинати во бомбашки напад врз владин автобус во Кабул

Најмалку 12 лица загинаа рано утринава во самоубиствен бомбашки напад врз авганистански владин автобус, изјавија официјални претставници на власта, пренесува ДПА. Во нападот имало три експлозии.

-Уште најмалку десет други лица се повредени во нападот врз автобусот на Министерството за транспорт, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи во Кабул Насрат Рахими.

Според властите, експлозијата ја предизвикал атентатор – самоубиец.

На фотографиите што веќе циркулирата по социјалните медиуми се гледа како набљудувачи ги прегледуваат телата што лежат крај автобусот.

Засега ниту една група не ја презеде одоговорноста за нападот, јави ДПА.

 

Треба да знаете
Последни објави