Пад на акциите на Астон Мартин

Астон Мартин најави дека годинава очекува пониска продажба отколку што се планирало, поради светската побарувачка, како и поради Брегзит. Поради тоа, цените на акциите во компанијата паднаа за нешто над 20 отсто.

Автопроизводителот кој својата светска слава ја стекна, меѓу другото, и преку „Џејмс Бонд” филмовите, сега својата проценка за 2019 година ја сведе на 6.300 – 6.500 продадени возила, а претходно таа изнесуваше 7.100 до 7.300 возила.

– На нашите високопродажни резултати, негативно влијае макроекономската неизвесност и постојната слабост на пазарите во Велика Британија и Европа. Разочарани сме што продажбата краткорочно не ги задоволи нашите првични очекувања, но пред сè, ние сме посветени на запазување на квалитетите на продажбата и на позициите на нашиот бренд. Засега, нашиот фокус е на долгорочен одржив раст, изјави извршниот директор на Астон Мартин, Енди Палмер.

Компанијата ја намали и маржата на оперативните добивки за 2019 година на осум отсто, наспроти претходните 13 отсто.

Астон Мартин во февруари издвои 30 милиони фунти за фондот за финансирање непредвидени ситуации, за полесно пребродување можни негативни влијанија од Брегзитот.

Треба да знаете
Последни објави