Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера во интервју за Сител рече дека доколку власта ја предлага Вилма Рускоска за иден шеф на СЈО, тој би го предложил разрешениот судија Владимир Панчевски.
На ова, во статус на социјалните мрежи, Панчевски изрази една дилема, дали е предлогот на Мицкоски реален, или го зел за лош пример:
“МЕ ПРЕДЛАГААТ ИЛИ СУМ ЛОШ ПРИМЕР?
Едните се за, другите се против, предлогот е добар само доколку зад тоа стои народот на јавни и непосредни избори, само тогаш ќе има гаранции за еднаква правда за сите! Equal justice for all!”пишува на Фејсбук.
https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=505377430233036&id=100022823505483