Лондончани во првиот дел беа особено груби со неколку непромислени стартови, а Муса Сисоко многу лесно можеше да биде исклучен откако два пати го нагази Даниел Џејмс. Фудбалерот на Тотнем куртули од санкција, а не доби ниту жолт картон, а тоа предизвика мала мешаница на теренот.
По натпреварот Покетино упати извинување до фудбалерите на Манчестер јунајтед за грубата игра.
„Бев малку изнервиран од некои ситуации“, вели Аргентинецот. „Не бев среќен. Ова е пријателски натпревар, но во моменти кога си уморен и е многу топло, не сте во склад со темпото на игра, понекогаш тргнувате во стартовите подоцна од што треба и се случуваат работи. Во име на моите фудбалери би сакал да му се извинам на Манчестер јунајтед, мислам дека во второто полувреме тие истото го направија кон нас, но тоа е фудбалот.
Не беше нивната намера таква, но така е кога си уморен. Бев загрижен затоа што во овој период од подготовките, некогаш морате бидете страсни и да бидете агресивни, но некогаш фокусот е да се гради физичката подготвеност и да го развиете начинот на кој ќе играте. Бев малку загрижен, но во второто полувреме бевме порелаксирани“, изјави Покетино.