Претседателот на Тунис, Бежи Каид Есебси, почина на возраст од 92 години, според „Спутник“.
Тажната вест ја објави неговиот кабинет.
https://www.facebook.com/Presidence.tn/photos/a.281368748587856/2545343532190355/?type=3
Есебси беше примен во воената болница во средата поради здравствени проблеми, третпат во изминатите неколку недели, објавија претходно медиумите во земјата.
Есебси беше првиот демократски избран претседател на Тунис.