Раперот АСАП Роки во притвор во Шведска останува до судењето

Американскиот рапер АСАП Роки (30) е обвинет за сериозен напад во Шведска откако наводно учествувал во улична тепачка, поради што ќе остане во притвор до судењето, соопшти денеска канцеларијата на шведскиот обвинител.

Реперот, продуцент и модел со потекло од Харлем, чие вистинско име е Раким Маерс, е во притвор од 3 јули заедно со двајца членови на неговиот тим поради тепачка што се случилa во Стокхолм на 30 јуни, по негов концерт, објави агенцијата „Ројтерс“.

Иако во неговиот случај се вклучи и американскиот претседател, Доналд Трамп, кој ги убедувашешведските власти да го пуштат Роки да се брани од слобода, сепак тој очигледно не успеал да издејствува ваква мерка.

Треба да знаете
Последни објави