Ријана на интернет ја најде својата двојничка

Пејачката Ријана (31) на својот инстаграм-профил сподели фотографија на девојче кое неверојатно личи на неа.

„Речиси го испуштив мобилниот телефон од рацете. Како е ова возможно?“  напиша таа со објавата.

Станува збор за шестгодишно девојче чија  фотографија на „Инстаграм“ ја сподели нејзината мајка Брија Кеј, која исто така ѝ направи посебен профил на социјалните мрежи, кој моментално го следат повеќе од 10.000 корисници.

Девојчето се прослави буквално преку ноќ. А ТВ-презентерката  Тајра Банкс (45) ги замоли обожавателите да дознаат кое е девојчето за да ѝ понуди моден договор.

Треба да знаете
Последни објави