Министерството за правда на САД закажа извршување пет смртни казни врз затвореници, откако државниот обвинител Вилијам Бар објави дека е повторно воведена смртната казна што ја спроведува федералната влада.
– Конгресот ја одобри смртната казна преку закони донесени од претставници на народот во двата дома и потпишани од претседателот, рече Бар.
– Министерството за правда го поддржува владеењето на правото, додаде тој.
Во моментов, 62 федерални затвореника чекаат смртна казна, вклучувајќи го и Џонар Царнаев, кој подметна смртоносна бомба на Бостонскиот маратон во 2013 година.
Министерството за правда соопшти дека наредиле егзекуција на петмина затвореници осудени за ужасни убиства и сексуални злосторства.
Сите пет казни ќе бидат извршени од смртоносна инекција.