Стандардите за безбедност во цивилното воздухопловство важни за економскиот просперитет на државата

Едукацијата и стручното усовршување на воздухопловниот кадар за поголема атрактивност и остварување економски стабилен и просперитетен воздушен сообраќај и транспорт да биде дел од соработката на Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) и Европската агенција за воздухопловна безбедност (ЕАСА), истакнаа денеска премиерот Зоран Заев и извршниот директор на ЕАСА, Патрик Ки.

Заев и Ки на средбата во Владата ја истакнаа исклучителната важност на усогласеноста на домашната законодавна регулатива со меѓународните стандарди во соодветната област.

На состанокот, како што соопшти владината прес-служба, позитивно беше оценета соработката меѓу ЕАСА и АЦВ, во насока на промовирање и постигнување на највисоките заеднички стандарди за безбедност во цивилното воздухопловство.

Се разговараше и за активностите кои АЦВ ги презема во однос на почитувањето на условите за безбедност како предуслов за овозможување ефикасен и одржлив воздухопловен развој на државата.

На средбата присуствуваа и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, како и директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Томислав Тунтев.

Треба да знаете
Последни објави