Стотици жени ќе ги симнат своите градници во знак на солидарност со капетанката која спасуваше мигранти

Стотици жени ветија дека ќе одат без градник во знак на солидарност со Германката Карола Ракет, заповедничката на бродот за спасување мигранти која беше нападната од италијански таблоид затоа што не била пристојно облечена на сведочење во суд.

Иницијативата #freenipplesday одговори на озборувачкото пишување на италијанскиот таблоид „Либеро“.

„Малку повеќе пристојност не би било лошо“, напиша таблоидот минатата недела, кога Ракет се појави на испитување во судот во градот Агриџенто на Сицилија, бидејќи ја пробила блокадата и без дозвола ги истоварила спасените мигранти на италијанскиот остров.

„Да покажеме дека имаме право да не носиме градник, и дека поради тоа не треба да не сфаќаат како несериозни”, објавија на Фејсбук пет жени иницијаторки на протестот наречен #freenipplesday (буквално „ден на слободните брадавици”).

Ракет, која работи за хуманитарната организација Sea-Watch, може да биде казнета ако биде прогласена за виновна во Италија, бидејќи на 29 јуни истоварила 40 имигранти на Лампедуза .

Лидерот на италијанската крајна десница Матео Салвини, кој зазеде остар став против мигрантите, во средата ја исмеа поддршката на жените без градник.

„Воопшто не ме интересира дали одите наоколу во градник, панталони или мини здолниште” изјави тој.

Ракет го тужеше Салвини за клевета и поттикнување „ксенофобични и мизогини чувства” насочени против неа.

Треба да знаете
Последни објави