Уапсен поранешниот партнер на Џорџ Мајкл, му ја испокршил вилата

Фади Фаваз (46), поранешното момче на починатиот пејач Џорџ Мајкл, беше уапсен во вторникот вечерта бидејќи ја испокрши неговата вила во Лондон, објави „Сан”. Соседите им рекле на полициските службеници дека виделе човек без маица кој стоел на покривот на вилата.

Кога полицајците пристигнале на локацијата, никој немало на покривот, а Фаваз го нашле во куќата и го однеле во полициска станица во Лондон.

Според полицискиот извештај, направената штета е огромна.

По смртта на Џорџ во 2016 година, Фади продолжи да живее во неговата раскошна вила.

Џорџ не му остави на Фади ниту дел од својот имот, кој се проценува на 100 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави