Хоакин Феникс и Руни Мара се подготвуваат за интимна свадба

По тригодишна врска, актерската двојка Руни Мара (34) и Хоакин Феникс (44) ќе се венчаат, објавија американските медиуми. Актерот, наводно, ѝ понудил брак на својата девојка во мај, а скапоцениот дијамантски прстен откри дека се свршени. Според странските медиуми, свадбата ќе биде интимна и достоинствена.

Руни и Хоакин се запознале на снимањето на филмот „Her“ во 2013 година, но љубовната врска ја почнале неколку години подоцна, или поточно во 2016 година, за време на снимањето на филмот „Марија Магдалена“.

Иако поголемиот дел од времето го поминуваат пред камерите и рефлекторите, идните брачни другари не живеат како другите ѕвезди. Тие избегнуваат типичен холивудски начин на живеење, не одат на забави на познати ѕвезди, ниту во ресторани. Тие јадат зеленчук и овошје исклучиво од својата градина.

Треба да знаете
Последни објави