Шин Бет спречила иранска операција за регрутирање соработници во Израел

Израелската разузнавачка служба соопшти дека нејзините агентите во средата ги спречиле иранските обиди да регрутираат оперативци за собирање информации за воени бази, безбедносни инсталации, полициски станици, болници и други потенцијални цели, пренесува „Брејтбарт“.

Израелската полиција, израелските одбранбени сили и разузнавачката агенција Шин Бет рекоа дека Техеран се обидел преку социјалните медиуми да регрутира потенцијални агенти да работат во корист на иранската разузнавачка служба.

Израелските граѓани биле контактирани од ирански агенти во Сирија, каде што имале намера да извршат терористички напади врз цивилни и воени цели.

Шин Бет вели дека огромно мнозинство израелски граѓани одбиле да соработуваат бидејќи се посомневале оти станува збор за непријателски елемент.

Израелските власти велат дека обидот од Сирија бил предводен од фронтот Абу Џихад, кој регрутира во Јудеја, Самарија, Газа и во други делови на Израел. Тие работат користејќи лажни Фејсбук профили и апликации за пораки.

Шин Бет вели дека зад кампањите за регрутирање стојат Хамас и Хазболах .

Треба да знаете
Последни објави