Владата на РСМ заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и Агим Нухиу, продолжуваат да работат според директивите на Белград.
Алијансата за Албанците изразува длабока огорченост и се чувствува навредена поради фактот што полицијата на РСМ го уапсила борецот за слобода Томор Морина, државјанин на Република Косово.
Патот кон НАТО и ЕУ не се трасира со почитување на обвиненијата покренати лично од крвопиецот Слободан Милошевиќ.
Алијансата за Албанците преку оваа реакција и порачува на владата на РСМ дека соживот и граѓанска благосостојба не може да се постигне со провокации, апсења и монтирани процеси. На овој начин постапуваа вашите претходници и доведоа до конфликт во 2001 година. Не фрлајте масло врз огнот.
Алијансата за Албанците бара веднаш без никакви услови да се ослободи борецот за слобода Тодор Морина.