Аргентинскиот фудбалер Паоло Дибала одлучил да остане кај италијанскиот шампион Јувентус, иако многу клубови покажуваа голем интерес за него.
„Кориере дело спорт” пишува дека напаѓачот имал разговор со тренерот Маурицио Сари, во кој јасно му дал до знаење дека сака да остане во екипата и дека е подготвен да се приклучи на подготовките за следната сезона.
Дибала беше на одмор, бидејќи учествуваше во Копа Америка како дел од репрезентацијата на Америка, но сега веќе се вратил во Торино за подготовките за следната сезона.
Инаку, многу европски великани се понудија да го купат Аргентинецот од „Старата дама”. Манчестер Јунајтед и ПСЖ му понудија огромнен износ, па дури се спомнува и Тотенхем кој понуди 90 милиони евра за Дибала.