Запата не успеа да го прелета Ламанш со флајборд

„Летечкиот човек” од Франција, Френк Запата, не успеа да го прелета Ламанш со неговиот изум, флајборд.

Тој ја промаши платформата за спуштање на брод кога на половина пат се обиде да се спушти за да го дополни горивото, рече член на неговиот технички тим, според Ројтерс.

Запата планираше да лета 36 км преку морето помеѓу Сангат во Франција и Довер во југоисточна Англија со брзина од 140 километри на час.

Треба да знаете
Последни објави