Зиков повторно предложен за финансиски директор на МЕПСО

Новинарот и директор на неделникот „Капитал“, Љупчо Зиков е предложен за директор на финансии и комерција во МЕПСО.

-Секако дека сум информиран, и ја прифаќам оваа покана, сепак треба да поминат законските процедури за да бидам избран на оваа позиција, вели Зиков за „Фокус“.

Тој и претходно беше предложен за оваа позиција, но во август 2017 година, но се повлече по десет дена по негативните реакции на јавноста, како што напиша тогаш на Фејсбук, поради „многу пизма и зли мисли“ за него и неговото семејство и  „за да ги задоволи хејтерите“..

Љупчо Зиков беше и претседател на партијата Алијанса за подобра Македонија, основана заедно со Минчо Јорданов и Владо Бучковски која на последните избори коалицираше со СДСМ.
Треба да знаете
Последни објави