Познатата пејачка Натали Имбрулија (44) објави дека е бремена и дека го очекува своето прво дете. Како што рече, таа забременила со вештачко оплодување со сперма донирана од анонимен човек. Покрај нејзината бременост, Натали го најави и новиот албум.
„Како што можете да видите врз основа на сликата, имам уште едно соопштение, и не, не проголтав лубеница, ќе го добијам моето прво дете наесен. За вас, кои ме познавате, ова беше нешто што долго време го сакав и јас сум благословена што ова е можно со помош на VTO и донорот на спермата. Возбудена сум поради оваа следна авантура … доаѓа новиот албум и јас ќе бидам мајка“, напиша Натали.