Во рација на ФБИ пронајдени делови од човечки тела натрупани во фрижидер во Аризона

Делови од човечки тела, натрупани во фрижидер, биле откриени во рација на ФБИ во сојузната американска држава Аризона.

Како што информираат американските медиуми, упадот бил извршен во поранешен Центар за донација на органи.

Во центарот агентите пронашле фрижидер полн со пениси и машко тело на кое била сошиена глава од жена.

Според судски документи, кои докажуваат дека во овој центар се случувале настрани работи, продажбата на човечки органи се одвивала од 2014 година, а на случајот работат 33 обвинители.

Сопственикот на компанијата Стивен Гор ја призна вината за илегална работа во 2015 година откако беше откриено дека продавал заразено ткиво и користел делови од тело на начин на кој донаторите не допуштаат.

Треба да знаете
Последни објави