Сашо Мијалков бара од судот да му го врати пасошот на поранешниот директор на УБК за да оди да се лекува во странство, бидејќи во моментов тоа не е можно да го направи поради мерката за претпазливост која му е со важење за случајот „Титаник 2, а за тоа однел и обемна медицинска документација во СЈО, објави „Независен“.
Според еден од адвокатите на Мијалков, тој имал закажано операција на хранопроводот во странство, но обвинителката Фатиме Фетаи проценила дека нема доволно аргументи и СЈО испратило негативен одговор до Кривичен суд.
„Има закажано операција на хранопровод на 14 август. Таа операција не се прави кај нас и има известување од Клиниката дека такви операции кај нас не се прават туку во странство“, изјавил адвокатот Љупчо Шврговски.
Пред неколку дена и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески заврши во болница на операција за срце, а судот го одби барањето на Сеат Кочан за одложување на затворската казна поради лошата здравствена состојба