Нарушен железничкиот сообраќај во Париз поради прекин на електрична енергија

Железничката компанија „Евростар“ предупреди денеска патниците да не патуваат до и од Париз, ако тоа не е потребно по прекинот на струјата во станицата Гар ди норд во францускиот главен град.

„Сообраќајот во и надвор од Париз е сериозно нарушен”, се вели во соопштението на компанијата.

Портпаролот на „Евростар“ изјави за „Ројтерс“ дека Гар ди норд има проблеми со каблите на еден од пероните.

Исто така, услугите на „Евростар“ се нарушени и во Брисел по воведувањето на ограничување на брзината поради топлотниот бран.

Треба да знаете
Последни објави