Поранешниот возач на Хазби Лика пронајден мртов во автомобил во Тетово

Предмалку во близина на главниот плоштад во Тетово беше пронајдено убиено лицето со иницијали Ф.Т роден во 1962 година, пренесува Алсат- М.

Безживотното тело беше пронајдено во неговиот автомобил од страна на неговиот син кој веднаш потоа пријавил во полиција.

Убиеното лице е поранешен возач на Хазби Лика и во моментот беше вработен во Секторот за урбанизам во општина Тетово.

На стаклото од автомобилот се пронајдени дупки од огнено оружје, но се уште не е познато дали станува збор за убиство или самоубиство.

Полициските сили пристигнаа на местото на настанот и целосна истрага ја спроведува тетовското Обвинителството.

Треба да знаете
Последни објави