Претседателот на Лил потврди, четири понуди за Николас Пепе од големи европски тимови: Наполи, Манчестер Јунајтед…

Фудбалерот на Лил, Николас Пепе со своите одлични игри минатата сезона го привлече вниманието на голем број европски гиганти.

Дека има интерес, и дека има понуди кои ги задоволуваат нивните услуги потврди и претседателот на Лил, Џерард Лопез.

Лопез во интервју за „Тутоспорт“ пренесува дека за Пепе примиле понуди кои се прифатливи од четири клуба, а меѓу нив е и тимот на Наполи.

– За Пепе примивме четири понуди кои не задоволуваат. За Леао има осум заинтересирани клуба. За двајцата играчи се интересира и Наполи, а Де Лаурентис ни понуди 80 милиони евра за Пепе и ние ја прифативме понудата. Сепак, не е на нас да одлучиме каде ќе заврши Пепе, тоа ќе го стори самиот играч овие денови. Во понеделник тој ќе се врати од одмор и мислам дека кон средината на следната недела се ќе биде појасно, -истакна Лопез.

Инаку, Џанлука Ди Марцио пренесува дека Наполи му понудил на Пепе 3.5 милиони евра по сезона, додека пак играчот барал пет милиони евра по сезона. Италијанскиот новинар пренесува дека Манчестер Јунајтед е во игра и дека може да ги исполни финансиските барања на Пепе.

Други медиуми пишуваат дека освен Наполи и Манчестер Јунајтед, третиот тим кој е заинтересиран е Интер, додека четвртиот клуб се уште не е познат, но се верува дека е Ливерпул.

Треба да знаете
Последни објави