Тори Спелинг и нејзиниот сопруг должат повеќе од 150.000 евра, им се заканува казна затвор

Актерката Тори Спелинг (46) и нејзиниот сопруг Дин Мекдармот добиле тужба од националната банка за 150.000 евра кои одбиле да ги платат. Поради тоа им се заканува казна затвор.

Актерката е должна да ги предаде своите договори и листа за финансиски средства кои банката и претходно ги барала. Судот бара таквите обврски да се извршат во најкраток можен рок за да банката може да има увид во расположливите пари, со цел Тори и нејзиниот сопруг да ги отплатат долговите.

Ова не е првпат медиумите да пишуваат за Тори и нејзината негрижа кон намирувањето на долговите. Во декември минатата година дадилката на нејзините деца откри дека Тори фрлала кон неа со документите од тужбите за неплатени сметки од кредитните картички.

Треба да знаете
Последни објави