Во моменти кога треба да се избира ново име кое треба да раководи со новото JO за гонење на организиран криминал и висока корупција, ја предлагаме обвинителката Фатиме Фетаи да раководи со него, велат од партијата Алтернатива.
Како кадар која досега не оставил зад себе траги од злоупотреба на службената должност и како професионалец во борбата за правда, убедени сме дека може да ја врати довербата во владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и корупцијата, кои се толку длабоко вкоренети во нашата земја. Се надеваме дека и другите политички фактори во земјава ќе рефлектираат во однос на овој предлог и ќе ги надминат нивните етнички и политички линии за да и гарантираат на Северна Македонија правда, која ќе биде клуч и за владеењето на правната држава, но и за а долгоочекуваната евро-атлантска интеграција, наведуваат од партијата Алтернатива на Африм Гаши.