(Видео) Маж скокна врз автомобилот на Порошенко

Непознат маж вчера скокнал врз автомобилот на поранешниот украински претседател Петро Порошенко.

Како што јавија локалните медими, мажот излегол од сослушување во својство на сведок поради продажбата на негово бродоградилиште.

На снимката се гледа како напаѓачот прска со спреј во лице еден од телохранителите на Порошенко. Тој бил совладан од друг телохранител, кој го удрил со чадор.

Според портпаролот на Порошенко, нападот е провокација на проруските гангстери кои ги кренале главите по смената на власта во Украина.

Треба да знаете
Последни објави