Српската полиција идентификувала уште една личност што упатила закани до претседателот на државата, Александар Вучиќ.
Како што пренесе агенцијата „Танјуг“, во тек е акција за нејзино приведување.
Покрај ова лице, во текот на денот беше уапсена жена под сомнение дека на „Твитер“ упатила закана до децата на Вучиќ.
Српските медиуми го објавија и идентитетот на жената, а според информациите, таа била ќерка и сопруга на лица од српското криминално подземје. Нејзиниот сопруг бил убиен во престрелка во 2008 година.
Таа заканата ја напишала како коментар на објава за посетата на Вучиќ на Смедерево. Пораката на „Твитер“ била напишана со корисничко име „Александризам“, а заканата била упатена кон децата на српскиот претседател.