Двајца Албанци фатени со кокаин кај Ростуше

На 25.07.2019 околу 22.40 часот на регионалниот пат Дебар-Маврови Анови, во близина на „Ростушко анче“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Жировница ги лишиле од слобода албанските државјани К.Л.(21) и Р.С.(43).

При претрес во нивното возило „Фолксфаген туарег“ со албански регистарски ознаки бил пронајден кокаин. К.Л. претходно се обидел да избега, но набргу бил фатен. Двајцата биле задржани во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Треба да знаете
Последни објави