На 25.07.2019 околу 10.00 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека на место викано „Курилово“-Берово, Б.Т.(63) од Берово управувајќи трактор на сопствениот имот изгубил контрола, се превртел и паднал под тракторот, по што починал на местото на настанот.
Увид на местото извршил Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Берово.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството.