Махмуд Абас: Палестинците да ги прекинат договорите со Израел

Претседателот на Палестинската самоуправа, Махмуд Абас, изјави во четвртокот дека палестинското раководство одлучило да ги запре сите договори склучени со Израел. Абас контактираше со Хамас, нудејќи да го прекине спорот помеѓу движењето и неговата владејачка фракција „Фатах“, пренесува „Џерусалем пост”.

„Ја објавуваме одлуката на раководството да престанеме да се занимаваме со договори потпишани со израелската страна”, рече Абас за време на итниот состанок на водачите на Палестинската самоуправа во Рамалах.

Состанокот беше свикан за да се разговара за рушењето на палестинските градби во областа Вади ал-Хумус, во близина на населбата Сур Баер во источен Ерусалим.

„Од утре ќе воспоставиме механизми за спроведување на одлуката донесена од страна на Палестинскиот централен совет”, рече Абас, додавајќи дека ќе формира специјален комитет за да се продолжи со одлуката.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во четвртокот го Абас за префрлањето средствата на „Хамас“ на прес-конференција со германската канцеларка Ангела Меркел, на која двајцата покажаа единство и покрај големите несогласувања.

Треба да знаете
Последни објави